еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност

Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност, соопштија денеска од Клиничкиот центар на Црна Гора. Во таа болница во Подгорица се згрижени четири лица кои се ранети – едно е стабилно, а тројца се на интензивна нега, од кои едно е во животна опасност.

Во соопштението се наведува дека двајца пациенти се надвор од животна опасност и се згрижени во болница во Цетиње, јавуваат подгоричките медиуми.

Една од ранетите хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора во моментов е стабилен, надвор од животна опасност и е сместена на Клиниката за неврохирургија.

„Вториот пациент е третиран хируршки по приемот, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, животот му е загрозен и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега“.

Во соопштението се додава дека третиот пациент има повреда во пределот на абдоменот хируршки е третиран и е на понатамошна интензивна терапија и мониторинг и исто така е сместен на одделението за интензивна нега.

„Четвртиот пациент има повреди на вратот и градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така е оперативно третиран и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“, соопшти Клиничкиот центар на Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со ловечка пушка убил две деца и мајката, а потоа случајни минувачи во населбата: Сите детали за масакрот на Цетиње

Премиерот Абазовиќ за масакрот во Цетиње: „Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети“

(Видео) Хорор во Црна Гора: 34-годишен маж убил најмалку 11 лица помеѓу кои и деца, а потоа бил застрелан

МИА/Фото: Клинички центар на Црна Гора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ втор ден ја „тресе“ берзата: Продадени акции за 844.000 евра

Редакција

Дваесет години затвор за убиецот на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“

Редакција

Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи

Редакција