Едно лице од новозаразените со коронавирусот во Македонија е вработено во градинка во Битола.
“Од таргетираниот скрининг во градинките од Скопје и Битола регистриран е еден позитивен случај од 225 тестирани вработени.
Позитивниот случај е со место на живеење од Битола“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, за податоци заклучно со 14. мај, која еМагазин секојдневно ја пренесува..
Со скрингот на градинките, кој почна пред неколку дена, во земјава ќе бидат опфатени околу 2.000 вработени, пред тие да почнат да работат и да биде изработен протоколот за функционирање на градинките.
Скринингот се прави со ПЦР тестови, а целта е со оваа техниката да се идентификуваат асимптоматските носители, односно лица кои се заразени, а не се свесни заради тоа што немаат симптоми.
Според планот со скрингот треба да бидат опфатени и вработените во болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други од десетината ризични групи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Без симптоми бил еден од новопочинатите од коронавирусот во Македонија