Едно ново лице денеска е заразено, а едно ја победи битката со кронавирусот според податоците од Министерството за здравство за Кичево, со што вкупниот број заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 84, од кои 70 се активни, 12 се излекувани и две лица се починати.
-Новозаболеното лице е во добра општа здраствена состојба, се лекуваа во домашни услови во изолација и под контрола на неговниот матичен лекар.
За среќа денеска имаме и едно лице што ја доби битката со вирусот во Кичево, изјави д-р Станко Трпески, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево.
Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.
МИА/Фото: Општина Кичево
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Куманово 7, во Липково 5 новозаболени од Ковид-19
Починаа уште четворица заразени од корона вирусот, вкупната бројка е 393
Нови 198 случаи на заразени со корона вирусот од 1.382 тестирања, 83 во Скопје