еМагазин
Image default
Македонија

Едно одделение од гевгелиската болница се уреди за заболени од Ковид-19

Поради зголемен број на пациенти од Ковид-19 се наметна потребата од итно проширување и адаптирање на дел од болничките одделенија кое се наоѓа во завршна фаза, соопштија од Општата болница во Гевгелија.

Директорот д-р.Митко Крџев потврди дека во завршна фаза е доградбата на Дневниот прифатен центар каде се врши тестирање на пациентите, со цел да се обезбеди простор за уште осум болнички кревети за пациенти кои примаат дневна терапија и чекааат резултати од ковид тестовите.

– Поранешното болничко одделение кое беше наменето за мигрантите го преуредивме во одделение за дневна терапија, а Невропсихијатриското одделение го адаптиравме за заразените пациенти од Ковид-19 кои имаат потреба од деноноќна терапија, но не на сметка на другите пациенти затоа што Невропсихијатриското одделение сега е преселено на Интерно одделение, рече Крџев.

Тој нагласи дека новоуредените одделение имаат потреба од десетина конектори за оксигенска терапија, монитори, ЕКГ апарати и кислородни боци.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во СДСМ ќе го охрабруваме различното мислење, најави Заев на партискиот конгрес

Редакција

Македонија влезе во фаза „многу висок ризик“: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

Редакција

Вицепремиерот Николовски го доби судскиот спор со поранешниот функционер Христијан Делев

Редакција