еМагазин
Македонија

Едно одделение во прилепско основно училиште во изолација, ќе следи онлајн настава

Едно одделение со 21 ученик во прилепско основно училиште од денеска е во изолација, поради ученик во деветолетката, кој бил позитивен на тестот за коронавирусот. Во изолација се и пет предметни наставници кои имале контакт со него.

Според Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална самоуправа одделението ќе следи онлајн настава.

– Учениците од деветто одделение ќе следат настава онлајн, а петте предметни наставници ќе предаваат онлајн додека се во изолација. Инаку, во сите основни и средни училишта наставата се одвива без проблеми и застој, вели Николоска.

Околу 9.000 основци и средношколци посетуваат настава со физичко присуство. Само учениците, над 700, од прилепската гимназија следат настава од дома поради интензивните зафати за реконструкција на училишната зграда.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска се прегласува на седум избирачки места

Редакција

Континуитет на Илинден и АСНОМ и носење клучни одлуки наместо враќање во изолација, порача Ковачевски од скопското Кале

Редакција

(ФОТО) Граѓански марш во Тетово за почит на жртвите од пожарот во ковид-центарот

Редакција