Екипата на „Медена земја“ беше дел од пред-оскаровскиот настан со останатите автори на филмовите од категоријата „најдобар документарен филм“.
На настанот дебатираа авторите на филмовите „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“, „За Сама“, заедно со авторите на номинираните кратки документарни филмови.
Утре, ќе се одржи церемонијата за доделување на Оскарите, а „Медена земја“ е номинирана во две категории за најдобар документарец и странски филм.
Филмскиот критичар на „Гардијан“, Питер Бредшоу, предвиде Оскар за “Медена земја“ за најдобар документарен филм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Атиџе во авион на пат кон Холивуд: Се чувствувам како птица која лета
фото: Фејсбук/„Медена земја“
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.