Сатиричниот босански сајт „satro info“ објави текст пародија на одлуката на принцот Хари и војвотката Меган да го напуштат кралското семејство и да станат финансиски независни…
„Сатро“ пишува дека и момчето Емир (38) одлучил дека повеќе нема да зема џепарлак од родителите и дека најпосле финансиски ќе се осамостои додека живее со нив.
„Време е, одлучив. Знаете ако принцот може да каже дека нема да цица од градата на својата баба, па можам и јас. Ако може тој своето богатство да го остави, можам и јас да ја оставам сигурноста на џепарлакот кој моите родители пензионери ми го даваат секоја недела. Тој е навистина вистински пример за сите млади луѓе на Балканот кои не се сигурни дали е вистинско време да ги остават сигурните примања за кафе и кладилници“, пишува меѓудругото во текстот на „Сатро инфо“.
Инаку, по одлуката Хари и Меган да го напуштат кралското семејство и да се преселат во Канада, Кралицата Елизабета втора одлучи да им ги одземе сите почесни титули како кралско семејство и им посака среќа во заедничкиот живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/The Royal Family