еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Енергетскиот гигант Шел се повлекува од Русија, нема да купува нафта и гас од Москва

Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава.

Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија.

„Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта не беше правилна и жал ни е поради тоа“, рече главниот извршен директор на Шел, Бен ван Берден.

Шел купи товар со руска сурова нафта од швајцарскиот трговец Трафигура во балтички пристаништа по рекордно ниска цена од минус 28,50 долари за барел, објавија трговците во петокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виза, Мастеркард, Пејпал, Самсунг, Зара, Американ експрес… се повлекуваат од Русија

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По информацијата дека можеби недостасува еден преживеан, обвинителствата во Македонија и Бугарија ќе ги споредуваат листите на патниците од граничните премини

Редакција

Веста за пожарот во ковид-болницата во Тетово го обиколи светот

Редакција

Не го одбивме “францускиот предлог“, туку само делот кој е спорен за нас, вели Османи

Редакција