еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Епидемиологот Олумчев: Трета доза не значи неквалитетна вакцина, туку засилување на имунитетот

Епидемиологот Сашко Олумчев во врска за трета доза на вакцина и дилемата дали да биде иста или различна од првите две, за телевизијата Сител вели дека граѓаните не треба да размислуваат.

Трета доза не значи неквалитетна вакцина, туку засилување на имунитетот.

„Мене ако ме прашате апсолутно немам никаков проблем да биде со различна вакцина затоа што тие се различни механизми на делување, значи ќе направиме едно збогатување на стимулацијата на имунитетот на различни начини.

Јас лично би се вакцинирал да речеме со друга вакцина. Имам две дози од Фајзер примено и кога би имало Синовак би примил Синовак, со тоа што ќе внесеме друг механизам, кој ќе го стимулира мојот имунитет на различен начин.

Така да ќе имаме многу подобар резултат и поквалитетен имунитет“, вели Олумчев, кој посочува и дека во моментов најризични се младите до 18 години и невакцинираните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епидемиологот Олумчев: Не само трета „бустер“ доза, туку и од четврта може да има потреба

Доктор Мехмедовиќ за СП: Не е добро да се комбинираат вакцините, влегуваме на непознат терен

Доктор Даниловски: Пристапот за давање на трета доза кај вакцинираните граѓани уште од старт е погрешен

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов почнува зимското сметање на времето

Редакција

Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

Редакција

За Водици нема да се скока по крстот во Охридското Езеро поради Ковид-19

Редакција