еМагазин
Свет

Ескалира состојбата во Латинска Америка: САД почнаа да ги повлекувaат дипломатите од Венецуела

Стејт департментот нареди дел од вработените на американската влада да ја напуштат Венцуела, само ден откако Вашингтон го призна опозицискиот политичар Хуан Гуаидо за нов венецуелски претседател.

„Тој чекор го преземаме врз основа на нашите моментни проценки за безбедносната ситуација во Венецуела. Затворањето на амбасадата не е во план“, пишува во соопштението на Стејт департментот.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги прекина дипломатските односи со САД и им даде на вработените во дипломатските претставништва рок од три денови за да ја напуштат државата. Трамп во средата го призна опозицискиот претставник Хуан Гуаидо за нов претседател на таа држава.

Американската Влада во Каракас соопшти дека на дел од персоналот му е укажано дека мора да ја напушти Венецуела, и дека американски државјани треба „сериозно да размислат“ за посета на таа држава. Меѓу САД и Венецуела се уште има комерцијални летови.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Венецуела на работ од граѓанска војна, светските сили повторно поделени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се распаѓа единството во ЕУ по однос санкциите кон Русија, вели германскиот министер за економија

Редакција

(ВИДЕО) Несреќа во Италија: Се откачи кабина од жичарница, загинаа најмалку 13 лица

Редакција

Откриена нова вакцина против туберкулоза

Редакција