еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април

ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април, информираат од таму.

-Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во РС Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба, за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди, информираат од ЕСМ.

Целта на повикот, како што е наведено во соопштението, е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот од 1 јануари до 30 април 2023 година.

-Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период. Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември, велат од ЕСМ.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Дојранското крајбрежје доби нова плажа кај селото Николич

Редакција

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово

Редакција

Народна банка: Вакцинацијата за Ковид-19 влева оптимизам, но се уште постојат ризици по економијата

Редакција