еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ да ја награди Македонија за напорите кои ги има сторено на патот кон Унијата, порача Шолц од Тирана

Единствената исправна одлука на ЕУ е да ја награди Македонија за напорите кои ги има сторено на патот кон Унијата, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тирана.

Шолц ја апострофираше Македонија како земја која мора да биде наградена за своите напори да се приближи кон ЕУ, пренесува Дојче веле.

– Сакаме да направиме сѐ, за Северна Македонија да биде успешна во своите напори, и јас сум му многу благодарен за активностите на шефот на владата, кој вложува големи напори за да ги исполни условите кои беа наметнати однадвор.

Мора да се каже дека Северна Македонија постигна голем напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување и вложува многу напор. Во тој поглед, тоа е единствено исправно“, порача Шолц на прес-конференцијата на Самитот.

Тој го повтори повикот за побрз влез на земјите од Западниот Балкан во ЕУ.

– Јасно е дека 20 години откако на овие земји им беше дадено ветување за влез, тоа мора и да се случи, рече германскиот канцелар.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извршен вонреден надзор во триесет предмети поврзани со Рамиз Мерко, кој се уште е градоначалник

Редакција

Мицкоски образложи зошто Град Скопје, Струмица, Теарце и Сарај се одбиени за пари од унгарскиот кредит

Редакција

Убава вест: Оздравени 242 болни од Ковид-19

Редакција