еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина

Европската унија бара начин како да ги искористи замрзнатите средства на руските олигарси за финансирање на обновувањето на Украина по војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Нашите адвокати интензивно работат на изнаоѓање можни начини за искористување на замрзнатиот имот на руските олигарси за обновување на Украина.

Мислам дека и Русија треба да даде свој придонес, изјави претседателката на ЕК за германската телевизија ЗДФ.

Комисијата во средата предложи заем од девет милијарди евра за Украина, со цел да ја одржи земјата додека се бори во одбрана од руската инвазија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ски-картите за Србија, Црна Гора и БиХ, може да се подигнат од Ресорт Маврово

Редакција

„Лучија од Ламермур“ на сцената на НОБ, на 11. декември

Редакција

Сите институции ќе бидат на располагање за што побрзо пуштање во функција на мостот „Беласица“, најави Ковачевски

Редакција