еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН ја поддржа кампањата за заштита од пожари

Дирекцијата за заштита и спасување доби поддршка од ЕВН за реализација на кампањата за заштита од пожари. Целта е заедничка, заштита на населението, шумите и природните ресурси во летниот период кога опасностите од појава на пожарии се најголеми.

Кампањата ќе се одвива од 15 јули до 15 август 2019 година на целата територија преку едуцирање на населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори на заштита во случај на шумски пожари.

„Кампањата ќе вклучува делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и поставување на едукативните постери  на централни локации во Градот Скопје и на фрекфентни места, на наплатните станици, на влез на Националните паркови и на граничните премини, на  излетничките места и места близу шумите. Во акцијата ќе бидат вклучени сите 35 подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување во сите градови во Републиката.

Целта на оваа кампањата не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа, бидејќи влегуваме во таканаречен „критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор““, соопштуваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По педесеттина години повторно поставен мост на прочуениот локалитет „Ѓаволски мост“ на планината Беласица

Редакција

Момчето кое го фати крстот во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток собраа над 81 илјада денари за лекување на Драгана Малкиќ

Редакција

(Галерија) Македонските модели Ивана и Андреј ја освојуваат Азија

Редакција