еМагазин
Image default
Бизнис

„Европа“ ја зголеми добивката за 80% и покрај кризата од Ковид-19

АД Европа-Скопје за периодот 01.01-30.09.2020 година оствари добивка во износ од 63.184.152 денари и е поголема во однос на претходната година за 80%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„АД Европа-Скопје во 2020 година и покрај глобалните економски потешкотии предизвикани од пандемијата Ковид-19 има значителен пораст на финасискиот резултат во однос на 2019 година.

Зголемувањето на финасискиот резултат се должи на зголемените оперативни приходи остварени со 9,9% раст на странски пазар и 5,3% раст на домашен пазар. Планот за вкупната продажба за периодот 01.01-30.09/2020 година е остварен со 101,4%.

АД Европа Скопје се соочи со потешкотии во организирањето на производниот процес особено поради воведениот полициски час и отсуство на 18%  од вработените кои користеа мерки од Владата на РС Македонија во услови на пандемија. Но и покрај сите напори АД Европа Скопје постигна зголемување на производството за 20%  а воедно со тоа го надмина и планот за 8,5%“, соопшти компанијата.

Фото: Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одморите го скастрија прометот на Македонската берза

Редакција

НЛБ Банка наградена за најдобра банка во категорија „Поврат на капитал“ oд реномираниот магазин „Finance Central Europe“

Редакција

„Макпромет“ за шест месеци оствари добивка од 1,3 милиони денари

Редакција