Во 2020 година Европа АД Скопје остварила вкупни бруто приходи во износ од 834.530.497 денари и истите се зголемени за 6,5% во однос на бруто приходите од 2019 година, информира компанијата преку Македонската берза.
“Вкупните оперативни приходи за 2020 година се зголемени за 3,5% во однос на истите во 2019 година.
Останатите приходи се зголемени 80,1%, а кај финансиските приходи зголемувањето е 21,9% во однос на 2019 година.
Европа АД Скопје за 2020 година оствари добивка во износ од 80.758.967 денари и е поголема во однос на претходната година за 10,4%.
Вкупните расходите се зголемени за 6,3% во однос минатата година.
Оперативните расходи во 2020 година се зголемени за 6,3%, а финансиските расходи се намалени за 3,2% во однос на 2019 година“, информира компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Европа“ ја зголеми сопственоста во „Фершпед“
„Европа“ купи акции од „Фершпед“
Фото: Европа