еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Европската комисија уверува оти „францускиот предлог“ бил најдоброто можно решение

Европската комисија (ЕК) го поздрави ревидираниот француски предлог за преговарачката рамка за Македонија и смета дека овозможува почеток на преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и С. Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање, изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел.

ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар.

-Од блиску ги следиме настаните во С. Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува, изјави портпаролката Ана Писонеро.

Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“.

-Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите, рече Писонеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто

За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив

Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот Љупчо Златев обвинет за одавање службена тајна

Редакција

19-годишно момче се шетало со пиштол и куршуми во него, полицијата го привела

Редакција

„Розов пикник“ во Градски парк за подигнување на свесноста за борбата против рак на дојка

Редакција