еМагазин
Image default
Бизнис

Фабриката „Европа“ го доби првиот сертификат за овластен економски оператор

Во Владата денеска беше промовиран концептот овластен економски оператор на кој премиерот Зоран Заев и директорот на Царинска управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски го доделија првиот сертификат за овластен економски оператор на реномираната домашна компанија „Европа“ АД Скопје.

„Овластениот економски оператор претставува нов концепт и модернизација на царинското и надворешно-трговското работење кој произлегува како реформа од Берлинскиот процес и Протоколот 5 од ЦЕФТА и  вклучување на македонските компании во регионалните и глобални синџири на снабдување.

Со овие интеграциски процеси доаѓа до силно јакнење на регионалната економија, токму преку концепти како што се овластениот економски оператор, заеднички царински и гранични контроли, заеднички профили за анализа на ризик и размена на информации. Поседувањето на сертификат за овластен економски оператор за компаниите ќе значи дека ги исполнуваат економските и безбедносните стандарди за вршење на надворешна трговија“, порача премиерот Заев во своето обраќање.

Директорот на Царинската управа посочи дека АД „Европа“ е првата фабрика што добива статус на Овластен економски оператор, но во процес е издавање на уште три одобренија за ОЕО, а десетина други компании најавија поднесување на барања.

„Со добивање на статус на ОЕО македонските компании покрај поволностите во царинското подрачје на Република Македонија, ќе може да ги добијат истите поволности во сите ЦЕФТА страни, односно можност за поголемо користење на поедноставените царински постапки, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на физички и документарни контроли од царинските органи, избор на местото за контрола како и други директни и индиректни поволности.

Сето ова треба да придонесе за намалување на времето на царинење на стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на регионалните и европските пазари. Тоа треба да придонесе за зголемување на нивната професионалност, претприемачки дух и финансиски капацитети“, нагласи директорот Танасоски.

Тој додаде дека покрај ОЕО, со новиот систем за електронска обработка на царински декларации ќе се воведе концептот на дигитална царина, отворајќи потенцијали за поволно царинско окружување и раст на производството, извозот и инвестициите.

Директорката на домашната производствена компанија „Европа“ АД Скопје, Марика Караџова во своето обраќање зборуваше за економските перформанси на компанијата, за значењето и придобивките што компанијата ќе ги има со добивањето на овој сертификат.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злонамерниците може да „здивнат“: Извозот во Русија бележи голем пораст

Редакција

„Оранжерии Хамзали“ ја зголеми добивката за повеќе од два пати

Редакција

Генералниот секретаријат на Владата склучи договор со “Аитоникс“, вреден 24,7 милиони евра

Редакција