Врз основа на Статутот на друштвото за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта „Фершпед“ АД Скопје, а во согласност со одредбите од Законот за трговски друштва, Собранието на акционери на својата седница одржана на ден 17.05.2019 година да донесе одлука за стекнување на удели во друштва со ограничена одговорност со преземање на нови влогови, се вели во предлог-одлуката за престојното Собрание на акционери на компанијата објавена преку Македонската берза.
„Се дава согласност „Фершпед“ АД Скопје врз основа на Предлог одлуката на органот на управување на друштвото да стекне удели во други трговски друштва со преземање на нови влогови или стекнување на постојни влогови како начин на поврзување или воспоставување односи со тие друштва.
Врз основа на оваа Одлука да се делегира овластување на Органот на управување на друштвото заради спроведување и извршување на оваа Одлука, да ја спроведе постапката за стекнување на удели во друштва со ограничена одговорност со преземање на нови влогови, врз основа на претходно донесена одлука, при што ќе изготви и достави понуди за стекнување на удели, како и врз основа на изјавата за прифаќање на понудите да делегира овластување на застапникот по закон, да склучи и завери договор за стекнување на влог“, се вели во одлуката.
Во неа, се додава дека вредноста на уделите мора да се движи во рамки на вредноста запишана во предметните удели застапени во основната главнина на друштвата со ограничена одговорност чии влогови се преземаат.
Целата одлука ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бруто плата од 221.000 евра за шест члена на Управниот одбор на „Фершпед“
„Фершпед“ ја зголеми добивката
Убава вест за акционерите: „Фершпед“ ќе дели дивиденда во бруто износ од 1.780 денари по акција
Фото:Фејсбук/Фершпед