Фершпед АД Скопје за период јануари-март 2023 година оствари позитивни финансиски резултати, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Оперативната добивка остварена во првото тромесечие од 2023 година изнесува 11.940 илјади денари.
Остварените вкупни приходи за период јануари-март 2023 година изнесуваат 1.026.307 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2022 година бележат пад од 6%.
Оперативните приходи изнесуваат 1.025.575 илјади денари и истите бележат пад од 6% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2022 година.
Финансиските приходи бележат значителен пораст во однос на истиот период минатата година.
Вкупните расходи за период јануари-март 2023 година се во износ од 1.013.866 илјади денари и истите имаат пад за 6% во однос на вкупните расходи за истиот период 2022 година.
Оперативните расходи за период јануари-март 2023 година изнесуваат 1.013.635 илјади денари и истите бележат намалување за 7% во однос на истиот период во 2022 година.
Финансиските расходи бележат значителен пад во однос на истиот период минатата година.
Нето добивката по оданочување во анализираниот период изнесува 9.584 илјади денари, и истата е зголемена во однос на истиот период од 2022 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фершпед со добивка во првите девет месеци