еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Ако има неправилности во тендерската постапка и нема заштеда, подготвени сме да ја поништиме

Министерство за здравство не склучило договор и фирмата која се споменува во јавност не го добила тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи. Доколку има неправилности во тендерската постапка и ако не постигнеме заштеда, подготвени сме да ја поништиме.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека до крајниот рок за поднесување на понуди за овој тендер пристигната е само една понуда. Во моментов, посочи, постапката е во фаза на евалуација и се уште не е ниту стигнато до електронска аукција.

Тој рече дека во овој момент и во досегашниот тек на постапката, не е сторена никаква штета ниту по Буџетот, ниту по крајните корисници на услугите – граѓаните на Република Македонија.

– Министерството за здравство по објавениот тендер се уште не ја евалуирало понудата, а доколку по грижливата анализа на фактите и доказите постојат недостатоци во целокупната поднесена документација со понудата, согласно одредбите од Законот за јавни набавки истиот ќе претставува основ за поништување на тендерот и постапката без предизвикување на дополнителни и вонредни штети за ниедна страна, истакна Филипче.

Според него, концептот за централизација на медицинските лаборатории е од голем бенефит за македонските граѓани, а овој проект е во насока на остварување на европски модел за кој се стремиме со цел реформирање на здравствениот систем и приближување кон модерните европски трендови.

– Концептот на централизирани набавки овозможуваат оптимално искористување на средствата. Министерството за здравство ќе има можност да ги контролира и предвидува трошоците за тестирање, без оглед каде се изведуваат. Од причина што станува збор за тригодишна јавна набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи и проценетата вредност за истата е висока, но заштедатата за буџетот на граѓаните е голема. Доколку не постигнеме заштеда, тендерот ќе биде поништен, рече Филипче.

Потенцира дека целиот процес бил транспарентен и отворен за јавноста, а на јавното отворање биле присутни претставници од Центарот за граѓански комуникации и надворешни претставници од фирмите.

– Истовремено внимателно ги слушаме забелешките кои излегоа во јавноста. Главната намера е да се подобри здравствениот систем, да се направат заштеди и граѓаните да имаат голема придобивка. Се што правиме е согласно позитивните европски искуства, додаде Филипче.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство е против повторното изведување докази за „Тортура“

Редакција

Кукан: Ако има предвремени избори ќе биде „хаос“ во земјата

Редакција

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со изедначена политика во однос на тестовите

Редакција