Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека епидемијата со корона вирусот во државата полека се стишува, а тоа се гледа преку намалувањето на индикацијата на тестирање како во Институтот за јавно здравје, така и во приватните лаборатории.
Факторот на трансмисија на корона вирусот е под нула, но за тоа сигурно ќе се знае следните денови.
Следната недела ќе бидат соопштени протоколите изработени од Комисијата за заразни болести за функционирање на економските оператори, фабриките, јавниот превоз, откако ќе се консултираат сите засегнати страни.
Но сето тоа, како што изјави Филипче ќе оди постепено, со почитување на мерките за дистанца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 1.465: Нови 23 случаи на заболени со коронавирусот
Убава вест: Излекувани дури 111 пациенти заболени од коронавирусот, вкупно оздравени 738
Вкупно 77: Четворица новопочинати од коронавирусот во Македонија
Фото: МЗ