еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Нема рестрикции, сите протоколи мора да се почитуваат

Во изјава за Канал 5, министерот за здравство, Венко Филипче ја оцени епидемиолошката состојба како генерално стабилна и дека има се помалку пациенти во болничките одделенија, па нема потреба од рестрикции, информираат од Министерство за здравство.

„Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, апсолутно нема никаква индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува – и во однос на број на новодијагностицирани пациенти, и во однос на број на пациенти кои треба да се хоспитализираат.

Тој број е константен подолг временски период, некаде околу 10 проценти од вкупниот број активни дијагностицирани пациенти се сместени во болниците и така останува овој тренд, што значи дека добро се менаџира.

Така што, генерално мислам дека ситуацијата е стабилна, епидемиолошката состојба ја имаме целосно на увид, имајќи го во предвид масовното тестирање коешто го правиме и така ќе продолжиме и понатаму,“ оценува Филипче.

Тој истакна дека не се планирани рестрикции во работата на економските оператори, ниту пак рестрикција во движењето во било кои делови на државата, нагласувајќи дека постојат протоколи и тие треба да се почитуваат, а доколку не се почитуваат треба да се санкционираат прекршителите.

„Во однос на прекршувањето на протоколите – има протоколи за работа буквално за сите економски оператори и веќе постапија надлежните инспекторати, како што се Државниот пазарен инспекторат и ДСЗИ, а каде имаше потреба и Инспекторатот за труд, и со тоа се преземени соодветни мерки.

Не може да се воведуваат рестрикции заради нечие непочитување на веќе постојните мерки и протоколи. Така што нема никаква индикација дека мерките ќе се заоструваат, повторно апелирам да се почитуваат мерките. Сите економски оператори ги имаат добиено протоколите и никаде нема проблем никаде каде тие се почитуваат,“ изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум нови случаи на Ковид-19 во тетовско

60,9% од заболените со Ковид-19 во Македонија рекле дека имале контакт со потврден случај

28,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шопенхауер, Фром, Ниче: Груевски повторно се јави со филозофски мисли од Будимпешта

Редакција

Градинките ќе се отворат на 9 септември

Редакција

Арбер Исаку избран за заменик претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција