еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Носењето маски во училиште не претставува никаков ризик за децата

Министерот за здравство Венко Филипче, во гостување во Дневникот на телевизија Сител изјави дека превентивните мерки се димензионирани за максимално да го штитат здравјето на децата.

Тој потенцираше дека носењето на маска во училиште не претставува никаков ризик за децата.

„Нема никаков ризик, ниту по респираторниот систем. Тоа е единствениот начин во којшто децата може да спречат трансмисија на вирусот. Нема никаква контраиндикација за носење маски кај таа категорија деца на таа возраст. Не може да очекуваме никакви компликации, никакво пореметување во нивниот развој. Значи станува збор за сосем безбедна препорака. Родителите не треба да стравуваат“, истакна Филипче.

Toj информираше дека на почетокот не месец октомври важно е да има што помал број деца во затворена просторија. Доколку остане стабилна епидемиолошката состојба, ќе се дозволи уште неколку одделенија да бидат со физичко присуство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонски државјанин фатен на хрватска граница при обид за шверц на 9,7 литри ракија и над 10.000 кутии цигари

Редакција

Ципрас му честиташе на Заев

Редакција

Прилепската болница го адаптираше одделението за уво нос и грло за Ковид-пациенти

Редакција