еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Засега нема дополнителни мерки против Ковид-19, иако тоа не е исклучено

Не ја исклучувам можноста за некаква форма на дополнителни мерки, дали на локално, дали генерално на ниво на територијата на цела држава, меѓутоа сега засега немаме такви индиции дека такви мерки треба да препорачаме, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во делот на соевите, односно мутациите на коронавирусот, Филипче рече дека во овој момент се прави анализа на една серија во лабораторијата во МАНУ, од која резултатите се очекуваат следната недела, која треба да даде одговор и на зголемниот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена.

„Целта е да се види колкав процент од вкупно дијагностицираните, практично, се должи на британскиот сој на вирусот. Последната анализа укажа на тоа дека некаде околу 50 проценти и тоа беше зголемување во однос на оние 20-ина отсто претходно и тоа е доказ дека се повеќе го има овој британски сој на вирусот.

Ние во последните неколку денови гледаме и зголемување на бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови. Во овој момент со епидемиолозите, дел од членовите на Комисијата за заразни болести се прават анализи дали може да се утврди на што се должи тоа.

Иницијалниот впечаток е дека е можно да се должи и на британскиот сој, меѓутоа и на генерално непочитување на мерките во делот на собирите.

Еве, времето е убаво, сведоци сме дека се повеќе луѓе надвор има коишто не ги почитуваат мерките. Во таа смисла за евентуални дополнителни мерки ќе разговараме во периодот којшто е пред нас“, рече Филипче.

Запрашан во однос на реинфекции со Ковид-19, министерот Филипче истакна дека постојат публикации, но вели, станува збор за публикациите во однос на некои специфични случаи коишто не се правило.

Значи, конкретно се уште науката не дала одговор на ова прашање, како и дека се уште многу работи во врска со вирусот се непознати и сега се прават анализи и испитувања.

Во однос на вработени во здравството кои работат со ковид пациенти, а не биле ставени на списоците за исплата, Филипче рече дека се прават напори со директорите на ФЗОМ да изнајдат начин дали може да се изнајде дополнителна сума на средства тие да бидат исплатени, за што вели дополнително ќе информираат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вербална расправија меѓу две семејства во Куманово: Едно лице убиено

Редакција

Убава вест: 1.420 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција