На 15.06.2019 година околу 03.50 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка „Прдејци“, полициски службеници забележале патничко возило „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало на знак за запирање, информира МВР.
Полициските службеници со службено возило го стигнале наведеното возило и во него биле пронајдени 10 мигранти од Пакистан кои биле пренесени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.