Поранешиот спикер Трајко Вељановски е приведен за настаните од 27 април, потврдија од Обвинителство за „Фокус“.
Покрај пратеникот Вељановски, денеска во Обвинителството за истиот случај приведени се уште двајца осомничени со иницијали М.Ј. и С.Р., за кои засега не се открива идентитетот.
Исто така, од Обвинителството за „Фокус“ информираат дека во моментот се трага по уште два лица, за кои исто така не откриваат кои се.
Фото: Фејсбук/Вељановски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.