еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Фон дер Лајен: Путин ја враќа војната во Европа, знаеме дека милиони Руси не сакаат војна

Европската Комисија денеска на лидерите на ЕУ ќе им го презентира новиот пакет санкции против рускиот режим со цел да се ослабне економскиот темел на Русија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова утрово го изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која го обвини лично рускиот претседател и Кремљ за ескалацијата во Украина и обидот за дестабилизација на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Русија ја нападна Украина

Европската Унија вчера го усвои првиот пакет на санкции кој таргетираше стотици блиски до Путин инволвирани во признавањето на сепаратистичките области во Донбас. Со руската инвазија на Украина која започна ноќва, Европската Комисија ќе им предложи на лидерите на ЕУ многу построги санкции.

-Ќе презентираме пакет на масовни таргетирани акции, ќе ги таргетираме стратешките сектори на руската економија преку блокирање на пристапот на Русија до технологијата и пазарите кои се за неа клучни.

Ќе го ослабнеме рускиот економски темел и капацитет за модернизација, дополнително ќе ги замрзнеме руските имоти во ЕУ и ќе го стопираме пристапот на руските банки до европските финансиски пазари, изјави утрово фон дер Лајен.

Лидерите на ЕУ ќе се состанат во Брисел во осум часот вечерва за да дискутираат и да ги усвојат новите поостри санкции против Русија.

Претседателката на Европската Комисија им се обрати и на руските граѓани.

-Путин се обидува да го врати часовникот во времето на руската империја и со тоа ја загрозува иднината на Русија, го повикуваме народот на Русија да го стопира насилството, рече шефицата на Комисијата, додавајќи “знаеме дека милиони Руси не сакаат војна”.

Санкциите, рече таа, имаат за цел и нанесат штета на способноста на Кремљ да ја финансира војната и со тоа да се обиде да ја измени европската безбедносна архитектура.

-Путин ја враќа војната во Европа и во овие мрачни времиња ЕУ стои со Украина и нејзиниот народ, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Светска инфлација, а човечкото месо секој ден се поевтино“: Твитер реакции за нападатот на Русија на Украина

(ВИДЕО) Потресни снимки од Украина: Цивилите масовно ја напуштаат земјата

МИА/Фото: Европска комисија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австрискиот професор Бибер: Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето

Редакција

Загадувањето на воздухот во големите градови останува многу загрижувачко прашање, се констатира во Извештајот на ЕК за Македонија

Редакција

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција