еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Формирана Комисија: По 13 години, можност да се ревидира позитивната листа на лекови

Донесен е новиот Правилник за ставање лекови на позитивна листа, кој се базира на европските пракси во оваа област вклучувајќи ги тука и посебните договори што ќе овозможат достапност на иновативни лекови за нашите пациенти. Формирана е и стручната комисија која го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот за здравство осигурување, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Фатмир Меџити.

Оваа комисија, наведе министерот, континуирано ќе работи на изменување и дополнување на Позитивната листа на лекови и верувам дека конечно после долг период ќе воспоставиме функционален систем со цел задоволување на потребите на пациентите со соодветни терапии.

Комисијата е составена од експерти во оваа област, односно претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински средства, Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, како и од универзитетските клиники, кои се доктори-специјалисти од различни области на медицината и фармацијата, појасни министерот.

Верува дека фармацевтските компании веќе ја подготвуваат потребната документација за да одговорат на барањата на Правилникот и дека во блиска иднина ќе пристигнат и првите апликации.

-Претседателот на стручната комисија, професор доктор Љубица Шутуркова изјави дека после 13 години повторно се има можност да се ревидира листата и се надева оти ќе имаме поголема достапност во ограничените македонски ресурси за здравство што ги имаме.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остана уште Шпанија: И Франција го ратификуваше Протоколот за НАТО

Редакција

И за вакцинирани: До 24 јануари задолжителен негативен тест за влез во Грција

Редакција

Еден од двајцата новопочинати од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција