еМагазин
Македонија

(Фото) Џафери му ја врати инцијативата за собирање потписи за пописот на Мицкоски оти не користел Северна Македонија

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук соопшти дека владиното мнозинство не ја примило граѓанската иницијатива за одложување на пописот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ги достави потписите и записниците од Иницијативата за поништување на Законот за попис

„Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат.

Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија.

Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.

На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ.

Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот“, напиша Мицкоски, кој во објавата  го сподели и дописот од Собранието.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија протера тројца руски дипломати, Русија најави дека ќе одговори на непријателскиот чин

Редакција

Пратеничката Нола Исмајлоска Старова: Не бев присутна кога го апсеа Сашо Мијалков

Редакција

Сведоштво за „Меѓународен сојуз“: Камчев платил 300.000 евра рекет на Боки 13

Редакција