еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) „Анима мунди“ за убивањето бездомни кучиња во Аеродром: Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ денеска преку соопштение реагираше на најновиот случај на убивање две бездомни кучиња во скопската населба Аеродром.


– Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело, се е само празен збор на хартија – повторно фрапантен случај на насилство во Аеродром каде се убиени две мирни бездомни животни, миленици на жителите.

Едното најдено мртво, другото испушти душа во најлоши маки на пат до ветеринарна станица каде го носеа и се обидуваа да го спасат Daisy Family Rescue. Тие и повикаа, пријавија во полиција, се вели во соопштението.

Од „Анима мунди“ велат дека досега ништо не е сторено за похуман третман на животните и најавуваат протести доколку не се најде сторителот на ова дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во четврток, петок и сабота температурата и до 39 степени

Редакција

Есента започна со убаво време кое ќе се задржи до утре, од вторник повторно врнежи

Редакција

Од Ковид-19 почина 54-годишна советничка во Општина Крушево

Редакција