еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Докторката Јовановска и главната сестра Темелковска први се вакцинираа против Ковид-19

Д-р Добринка Наунова Јовановска и главната сестра Габриела Темелковска од Инфективната клиника први ја примија вакцината против Ковид-19, информира на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

“Со нив, го почнавме процесот на имунизација во земјава. Тие се медицински лица со значајно искуство и огромен придонес во борбата против вирусот.

Им се заблагодарувам за пожртвуваноста во целиот изминат период грижејќи се неуморно за нашите пациенти, деца, роднини и пријатели.

Во знак на почит, вакцинацијата ја почнуваме токму со здравствените работници од ковид центрите. Ги заштитуваме затоа што се во првите борбени линии и ни се потребни во работата!

Д-р Добринка и главната сестра Габриела се чувствуваат добро и упатија порака дека ова е единствениот начин за да ставиме крај на пандемијата„, напиша Филипче.

„Јас ја примив вакцината, се чувствувам одлично. Самото аплицирање на вакцината е безболно и можам да препорачам секој од нас кој е во оваа држава да прими вакцина, по сопствен избор нормално, кој сака „Фајзер“, кој сака некој друг тип вакцина.

Тоа е единствен начин да се заштитиме од овој тип на инфекција што се случува последнава година, со која цел свет се бори, па и ние. Втората доза се прима на 21-виот ден, и тоа е закажан термин кога треба да ја примам втората доза.

Имунитетот се стекнува веќе за две до три недели, се постигнуваат заштитни антитела. Тоа е индивидуално, би требало да се постигне тој имунитет. Ќе се чувствувам посигурна, во однос на тоа ако случајно дојдам во контакт со некој кој е инфициран, мислам дека многу полесно ќе се справам со таа инфекција„, изјави Наунова Јовановска.

За мене, посочи таа, ќе биде една голема сигурност тоа што сум примила вакцина и веројатно ќе бидам заштитена многу повеќе од оние што не примиле вакцина.

„Индивидуално е кој колку ќе развие антитела, и со каков тип на имунитет ќе одговори, меѓутоа воглавно 95 отсто е заштитната моќ на оваа вакцина и јас се надевам дека ќе бидам во тие 95 отсто заштитени, и тоа е она што дава некоја сигурност за понатаму„, Наунова Јовановска.

И Темелковска изјави дека се чувствува одлично.

„Ги поканувам сите да се пријават да се вакцинираат. Секако дека се чувствуваме посигурни, со вакцинацијата ќе се намали и бројот на новозаболени и ќе почнеме да се враќаме во нормален живот„, рече Темелковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Почна вакцинацијата против Ковид-19 на првите здравствени работници

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција

Девет скопски општини со над 100 активни случаи на Ковид-19, во Чаир околу 300

Редакција

Лани за патни трошоци на пратениците 336 илјади евра, некои пратеници добивале и 1.000 евра месечно

Редакција