еМагазин
Image default
CHECK IN

(Фото) еМагазин во Токио: Шилегов, ништо не правиш со оџаџарите, еве зошто Јапонците немаат проблем со загадување

Многумина од Вас сигурно слушнале за брзите возови во Јапонија или за тоа колку Јапонците се по редот, точноста или правилата. Бидејќи овие работи се воглавно познати, еМагазин директно од Токио преку серијал ќе се обиде да Ви пренесе и други интересни и невообичаени работи за кај нас.

Зошто Токио не е загадено?

За разлика од соседните земји на Јапонија, кои меѓудругото се познати и по големите мега градови, Токио нема проблем со загадувањето како што има на пример Пекинг.

Јапонците не измислиле ништо ново, туку едноставно системски го решиле проблемот, а не со импровизации, како на пример оџаџарите на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, што од овдешна гледна точка изгледа посмешно и од бурлеска.

Прво и основно, државата Јапонија на граѓаните им обезбедила висок животен стандард, кој државата Македонија ни за речиси три децении не им го донесе на граѓаните, од проста причина што на сите досегашни влади им беше најважно да го ограби сопствениот народ, а најбитните одлуки беа донесувани со погрешни планови, стратегии и приоритети и секако од погрешни луѓе.

Па затоа наместо електронски возила какви што масовно возат Јапонците, ние возиме крнтии од по 15-20 години, кои не исполнуваат ни еден еколошки стандард.

Затоа уште масовно се грееме на дрва, наместо со гас, оти го немаме. Јапонците не само што имаат гас, туку имаат избор да бираат од неколку типови на гас.

Струјата за овдешни услови е исто така евтина, бидејќи цената се одредува пазарно.

Да, за тоа како Јапонците ги решаваат работите со патиштата сигурно веќе имате слушнато. Овде секое патче, локално, автопат или било какво изгледа како да е направено вчера. Секако, инфраструктурата секогаш е еден од главните приоритети.

Можеби ќе Ви звучи чудно, но споредено со големината на градот, бројот на жители и стандардот, во Токио се возат помалку автомобили, отколку во Скопје.

Од проста причина. Градот има беспрекорно ефикасни возови и метро, (навистина точни), а Скопје уште неможе ни транвај да добие.

Градот има и одлични подземни решенија за растеретување на сообраќајот, подземни тунели меѓу најголемите во Јапонија од 25, 30 километри…

И да, овде масовно се мозат велосипеди. Пред зграда има цел паркинг само за велосипеди.

И да, за пет метри Јапонците не палат кола. Таа најчесто им треба кога патуваат низ државата.

И секако, градот е зелен. Секаде по некое дрвце, цвеќе, стари и по неколку дестетолетија. Парковите со езерца и реки се пак по неколку километри.

Е, па Шилегов кажи му на другар ти Зоран Заев, малку повеќе да се фокусира на платите и стандардот, да дојде животот кој го ветивте. Кој сака да пали оган секое сабајле, кој не сака да стигне од Ѓорче Петров до Лисиче за 5 минути, кој не сака да вози електричен автомобил или некој со подобри стандарди… Не се замарај со оџаџарите.

ПРОДОЛЖУВА….

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чист и безбеден воздух од вируси во ресторанот „Дукат“ во Скопје

Редакција

(Фото) Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

Редакција

(Фото) Кемер се одликува со хотели со многу зеленило, и погледи кон море и врвови на планини

Силвана Жежова