Во Скопје е во тек урбаната уметничка акција „Гигантски велосипед“, која има цел да ја подигне видливоста на пробленот со крадењето велосипеди во Македонија.
Проблемот тангира преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство, но за жал многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои организираните крадци на велосипеди ги крадат секаде и во секоја прилика.
Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1.000-ти велосипед.
Скулптурата велосипед е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.
Урбаната акција „Гигантски велосипед“ е дел од активноста Креативни заедници спроведувана од тимот на Центарот за современти уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).