Ниту апсењето и носењето во Бардовци не ја поколебаа актерката Ирена Ристиќ со својата „банда екологисти“ да продолжи да ја спроведува акцијата за чистење на Скопје. Тие чистеа отпушоци и други отпадоци пред полициската станица „Беко“ во центарот на Скопје.
„Људство: 25
Собрани пикавци: катаљарда.
Износ во ненаплатени казни: цирка 730.000 €.
Логично се наметнува прашањето: зошто никој не казнува?!
Инциденти и приведувања немаше!
Хајлајт: се затрча едно девојче, тинејџерка и целото возбудено праша дали може да се придружи…
*останавме без ракавиците, лопатките и пар џиновски кеси, али ќе се снајдеме, немаме гајле“, напиша Ристиќ.
Фото:Фејсбук/Ирена Ристиќ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.