еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Историско сослужение на Голгота во Ерусалим на епископ Антаниски, Партениј со дел од Бигорското братство

Старецот Епископ Партениј, со дел од Братството, веќе неколку дена се наоѓа на свештено поклонение во „Градот на Великиот Цар и Бог наш“ – Ерусалим, објавија од Бигорски манастир.

„Вчера тој го посети Блаженејшиот Патријарх, пренесувајќи му го писмениот братскиот поздрав од нашиот почитуван Архиепископ, со замолницата да благослови учество во литургиските свештенодејствија по Светите Места.

Претстојателот на Ерусалимската Црква отворено и радосно го даде својот благослов за служење, особено изразувајќи го своето задоволство поради фактот што Охридската Архиепископија веќе се наоѓа во канонско и богослужбено единство со сета православна екумена, по одлуката на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј и на неговиот Синод од 9 мај оваа година и по помирувањето со братската Црква на Србија,“ се вели во објавата на Бигорски манастир.

Еден од многуте благодатни плодови на овие настани и на мудрата и еклисиолошки единствено исправна насоченост кон првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија, од страна на нашиот свет Архиепископ и на Светиот наш Синод, беше и синоќешното литургиско учество на нашиот Старец, г. Партениј и на нашите браќа: архимандритот Доситеј, јеромонасите Кирил и Анатолиј и канонархот и типикар Аверкиј на бдението во свештениот параклис на Голгота, во храмот на Воскресението Христово.

„Имено, со благослов на Блаженејшиот Патријарх, Старецот сослужуваше на Божествената Евхаристија со Архиепископот на Мадаба, г. Аристовул, од Ерусалимската Патријаршија, а освен нашите браќа јеромонаси, на Литургијата земаа учество и уште неколку свештенослужители од Ерусалим, Грција и Романија.

Овој свештен настан е навистина историски, затоа што за првпат во поновата историја на сесветата Охридска Архиепископија, нејзин архијереј и клирици сослужуваа во Храмот на сеславното Христово Воскресение во Светиот Град на мирот. Тоа е голем и скапоцен благослов за сите нејзини членови.

Чувствата што ги доживуваат верниците кога застануваат пред Бога на страшната Голгота, се несомнено лични за секого. Воедно, тие се толку силни и трогателни, што човечки јазик просто не може да ги изрази. Молитвите, покајанието, солзите, таговната радост и радосната тага,“ додаваат од Бигорски манастир.

Фото: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По фијаското во Собранието: Пратениците шест месеци треба да работат без плата

Редакција

Носете вода и лесна облека, разладувајте се: Препораки за заштита од топлотниот бран

Редакција

Каков имот пријавил Сашо Клековски, новиот директор на Фондот за здравствено осигурување

Редакција