еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Иванов со сопругата Маја на свечен прием кај Макрон

Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека Иванов на покана на францускиот претседател Макрон, денеска ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, што ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз.

На церемонијата е најавено присуство на над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европката Комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово, и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Фото: Кабинет на претседателот Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изборите се понеизвесни: Мораториум на сите активности на политичките партии до 22 март

Редакција

Во Македонија има повеќе активни случаи на Ковид-19, отколку пикот во првиот бран

Редакција

Убава вест: 200 оздравени од Ковид-19

Редакција