еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изборите се понеизвесни: Мораториум на сите активности на политичките партии до 22 март

Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека утрово разговарал со лидерите на политичките партии и дека до 22 март ќе има мораториум на сите активности имајќи ги предвид претстојните избори закажани за 12 април.

– Утрово искомуницирав со сите претседатели на партии и ме информираа дека се ставени во мораториуми сите активности на политичките партии, и тоа е добра порака дека за сите нас здравјето на грашаните и поважно од што било друго. Тоа ќе трае до 22 март, изјави на прес-конференција Спасовски.

Како што кажа, тој разговарал со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијансата на Албанците, Зијдаин Села, на Беса, Биљал Касами…
Според Спасовски, најсилната порака до граѓаните во овој момент треба да ја пратат политичките субјекти.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште две лица починаа од корона вирусот во Грција

(Видео) Италијанците „полудеа“ од карантинот поради корона вирусот: „Возат“ глисери и „скијаат“ по дома

Полицијата растера поголема група млади на Водно: Апел да се почитуваат мерките против коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот се врати во Дебар, нов случај по педесетина дена

Редакција

Општина Кисела Вода вработува осум лица, плата до 26.254 денари

Редакција

Владата одвоила 325.000 евра за кампања по повод добивање датум за преговори со ЕУ

Редакција