еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Како правилно да се самотестирате за омикрон

Матичниот лекар Ненад Лазаров на својот Фејсбук, споделувајќи и илустрација, советува како правилно да се самотестирате за новиот сој на Ковид-19, омикрон, со брз тест, кој можете да го набавите во аптека.

“Кога се самотестирате со брз тест со брис од нос, со истото стапче прво земете примерок од грлото, со што значително се намалува бројот на лажно негативни тестови.

Сензитивноста на брис од грло заедно со нос кај омикрон е очигледно поголема во првите денови од инфекција“, пишува тој.

Одговарајќи на забелешка на неговиот статус, напоменува дека ништо не е сигурно, но и дека е сведок на многу негативни брзи тестови, кои покажуваат позитивен резултат ако се земе примерок и од грло.

Дека брзите тестови потешко го регистрираат овој нов сој, укажаа бројни експерти, а меѓу нив е и доктор Драган Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даниловски: Симптомите на омикрон не се разликуваат од оние на настинка, брзите тестови не го регистрираат

Кои се најчестите симптоми на омикрон?

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени седум лица за трагедијата кај Ласкарци: Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата

Редакција

Почина Вељо Тантаров, претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија

Редакција

Викендов топло, на некои места летни температури

Редакција