еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Како се фрлаат сол и ризла низ улиците во Кочани: Чистење снег, како во 19 век

Деновиве, откако снегот ни направи проблеми по регионалните и локалните патишта (срам да му е, заврна во јануари), Македонија пат си останува дежурниот виновник за неисчистените сообраќајници.

Колку се ажурни, во тоа се уверуваме секоја година.

За чистењето на улиците во општините пак, е задолжена локалната самоуправа. Па како тоа изгледа во другите градови, видовме од една фотографија споделена на социјалните мрежи, за која се негодува и тоа со право, дека во 2019 година, ризла и сол се уште фрлаат со лопати од трактор.

За механизација и некои посовремени алати, ќе почекаме. За властите, функционалноста на одредни општини можеби се мери преку некои „виши математики“, а за нас обичните граѓани преку ваквите секојдневни глетки.

Веројатно Кочани не е единствената општина кој на овој начин го одмрзнува снегот, па затоа за сите ќе посакаме Среќна Нова 2019 година.

Фото: Никола Денковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лицето кое Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено

Редакција

Италијанскиот премиер Драги повика на итен почеток на преговори со Македонија и Албанија

Редакција

Хелсиншки бара Обвинителство да реагира: Политичката криза предизвика омраза заснована на етничка и политичка припадност и тоа преку закани со војна, реваншизам, бесење, силување

Редакција