еМагазин
Image default
Ретро

(Фото) Како се градела кулата на Титов Врв во 1956 година

Планинарско-еколошкото друштво „Аргентус Маунт“ од Тетово, објави фотографии од изградбата на кулата на Титов Врв во 1956 година. Со фотографиите е објавен и текст од весникот Нова Македонија од 19.09.1956.

„По двегодишната градба завршија градежните работи на големата кула над Титов врв на надморска височина 2474 метри,што се смета како најголем објект од ваков вид на Балканскиот полуостров.
Иницијативата за подигање на овој објект потекна пред три години од Планинарскиот сојуз на Македонија. Проектот го изработи инжинерот архитект Коста Поповиќ, директор на Проектанско биро „Спорт-проект“ од Белград,а градбата му беше доверена на планинарското друштво Љуботен од Тетово.

Тешкотиите околу градбата на овој импозантен објект беа големи. Песокот се носеше дури од Вардар,а вода од далечина од еден час и половина од Кулата. Кулата во пречник е широка 6.50 метри висока 9.40 метри а дебелината на зидовите се движи од 1 до 0.70 метра.

Покрај единствената железна врата на кулата се вдлабнати 17 мали прозори со железни капаци.
Внатрешниот дел е распределен на три соби обложени со тенки чамови даски од кои горната ќе служи за потребите на метеролошката служба, една за спална на двајцатата чувари-службеници на метеролошката служба,додека долната соба ќе биде за ноќевање на планинарите што ќе се качуваат на врвот.

Основната намена на објектот,спрема замислата е да и служи за потребите на метеролошката служба од каде најдобро ќе се даваат податоци за различните бранови што ќе допираат од Јадранското и Егејското море. Над кулата ќе биде монтирана мала ветерњача што ќе производи електрична струја така што оваа кула ќе служи како огромен светилник. Емитувањето на извештаите на кулата ќе се вршат преку мала радиостаница.В.Д.“ пишува во Нова Македонија за изградбата на кулата.

извор и фото: Фејсбук-профил на „Аргентус маунт“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ретка видео снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Македонија

Редакција

(Видео) Изминаа 17 години: Како изгледаше најголемиот терористички напад на САД

Редакција

(Видео) Додека се чека новиот претседател: Како Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов ги бранеа Македонците

Редакција