Новиот проект наречен Хуманитарен маратон „Неготино се буди“ е дел од серија настани кои што ќе се организираат во текот на овој месец.
„Сите тие настани се со иста цел, да подадеме рака на најранливите, беспомошните. Да ги гушнеме толку силно, што никогаш нема да го заборават чувство на нашата прегратка и грижа. Собраните средства од овие големи настани, големи затоа што се со срце правени, ќе бидат донирани на најзагрозеното семејство во општината.
Тричлена фамилија каде што таткото е слеп. Луѓе кои немаат добар кров над главата, живеат во кал и куќа која може да се распадне во секој еден момент. Отворена покана до сите граѓани да успееме да ја вратиме топлината и надежта за подобро утро на овие наши сограѓани“, напиша Димитар Аврамов на неговиот фејсбук-профил.
Сметка за донации: 240197002114139
Уни Банка
Милан Најдов