СОС Детско село Македонија посветено работи и гради семејства за децата без родителска грижа и социјален ризик, им помага во оформување на нивната иднина и учествува во развојот на заедниците со цел да им бидат секојдневна поддршка на оние кои имаат најголема потреба.
Сепак, сите напори за овозможување на подобро утре за децата од најранливите категории ќе бидат невозможни без вклучување на заедницата во нивниот развој и напредок.
Во општина Аеродром постои цврст темел за помош на лицата кои се во социјален ризик. Тоа е докажано преку безброј настани, акции за собирање на помош и средства и движења за застапување на правата на овие лица.
Капитол мол во соработка со СОС Детско село Македонија цели кон развивање на хуманоста како една од основните човекови вредности уште од
најмали нозе. И како што и англискиот збор FUNdraising го содржи зборот FUN (забава), ќе се цели на еден креативен и забавен начин преку, интересна касичка, донирањето да биде забавно и да да се доближи до сите возрасти. Затоа Mарко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aka Панчо донираа за СОС Детско село.
Ова ја поттикнува самата заедница да биде дел од акција која надградува, и од активност која е од толку големо значење затоа што ја поттикнува клучната човечка доблест, хуманоста.
Да создадеме иднина и изградиме општество каде ниту едно дете нема да расте само!