еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Клиничката болница „Жан Митрев“ повторно носител на златниот печат од JCI

Иако во време на пандемија, тимот на Клиничка болница „Жан Митрев“ успешно по втор пат последователно го верификуваше својот начин на работа и со тоа болницата доби реакредитација од страна на меѓународната комисија на Joint Commission International (JCI).

„Со добивањето на златниот печат уште еднаш се потврди нашата стратешка определба за современа висококвалитетна здравствена услуга и грижа за безбедност на пациентите.

Првата акредитација се случи во 2017 година, при што, секојдневната употреба и следење на стандардизираниот начин на работа помогна за зголемување на задоволството на пациентите“, велат од болницата.

Со сега добиената реакредитација, болницата ги потврди уште еднаш своите заложби и посветеност во пружање на квалитетни и безбедни здравствени услуги. Оваа потврда ја постави Клиниката „Жан Митрев“ на еднакво рамниште со останатите акредитирани институции во светски ранг.

„Да се биде дел од JCI акредитираните болници е престиж во светски рамки. Мисијата на JCI  за континуирано подобрување на безбедноста и квалитетот на нега која ја добиваат пациентите, е основното мото кое ја води и ја мотивира нашата болница во секојдневната работа. Усогласеноста со строгите стандарди кои ги носи оваа акредитација, се уште еден доказ за континуираната, квалитетна и безбедна услуга која ја дава нашата болница“, рече Академик д-р Жан Митрев.

Од болницата велат дека се доказ дека истрајноста, организираноста и принципиелноста се препознаваат и наградуваат без оглед во кој дел од светот се наоѓате.

„Секако, работата на нашиот тим не застанува тука, ние продолжуваме понатаму максимално посветено да се грижиме за доброто на нашите пациенти“, додаваат од болницата

Како куриозитет е информацијата дека Клиничка болница „Жан Митрев“ е меѓу ретките, вкупно 4 болници во Европа, кои се осмелиле да поминат низ процесот на ресертификација во година на глобална пандемија.

JCI е формирана во Америка во 1997 година како независна, непрофитна организација која акредитира и потврдува медицински установи ширум светот. Акредитацијата добиена од ЈCI се смета за Златен Стандард во глобалната здравствена нега во поглед на квалитет на услугите и безбедност на пациентите.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Колку е богат претседателот Деркоски

Редакција

Утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред

Редакција

На крај да не излезе дека Русија ни ставила вето, а не Бугарија, за старт на преговорите со ЕУ

Редакција