еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Кој дојде на прославата на СДСМ: Ковачевски сечеше торта за 31. роденден на партијата

Гордост е на 31 роденден, како претседател, да се зборува за СДСМ. За се она што оваа партија низ годините го направи и го има направено за нашата држава и сите наши граѓани, изјави претседателот на партијата Димитар Ковачевски.

„Речиси и да немаше години на мирно море за СДСМ. Но, сепак, покрај се’ успевавме.

Бевме разум кога други потпалуваа тензии, водевме напред кога други влечеа назад, обединувавме кога други делеа. Така беше, така е и сега. Како што нашите предци во НОБ биле на вистинската страна, СДСМ била и се уште е на вистинската страна.

Од процесот на создавањето независна македонска држава, меѓународно признаена, градењето институции, преку кандидатски статус за членство во ЕУ до решавање на спорот и реализирање на стратешката цел, полноправно членство во НАТО, од борбата со ковид пандемијата, па се до последната економска и енергетска криза.

Ние, СДСМ, и се она што означуваат овие 4 букви бевме секогаш предводници во решавањето на овие проблеми.

И еве не повторно, 31. роденден го одбележуваме во многу сложени општествено економско политички околности предизвикани од глобални процеси.

Целиот свет се соочува со најголема економска и енергетска криза по втората светска војна и тоа особено  поради агресијата на Русија врз Украина,“ рече Ковачевски.

Тој се осврна на мерките кои Владата ги презела за справување со кризата, вети продолжување на реформите и дека ќе се продолжи со барање на достоинствено решение со Бугарија.

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Флакрон Беџети, кандидат за заменик министер за земјоделство

Редакција

Викендов со дожд, снег на планините и пад на температурите

Редакција

Владата ги усвои законските измени за минимална плата од 18.000 денари

Редакција