еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Кои пратеници не чинеа најскапо: Последниот парламентарен состав за патни трошоци потрошил 1,5 милион евра

Телевизијата ТВ 21 објави дека од 500, па до 47.000 евра земале пратениците за патни трошоци во деветтиот парламентарен состав. Вкупно за патни трошоци потрошени се 1.495.996 евра.

Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ.

Патува од Струга, а тоа го чинело 47.450 евра.

Втора на листата исто така е пратеничката од СДСМ, Бети Рабаџиевска-Наумовска од Ресен со вкупен износ од 45.918 евра.

Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга, за тригодишниот мандат земал 42.261.

Следува неговата колешка Делчево, Мира Стојчевска. Таа за три години инкасирала 41.632 евра.

За 1.000 евра помалку потрошил нејзиниот опонент од Битола, Зоран Илиоски – 40.692 евра.

Следува поранешната пратеничка на ДПМНЕ, а по уставните измени независна, Емилија Александрова од Берово. Пријавила 36.287 евра патни трошоци.

На листата следуваат Хари Локвенец од Прилеп со 35.774 евра, Милева Ѓоргиева од Радовиш 34.358 евра, Агим Шаќири од Струга, 33.379 евра и последен на листата од ТОП 10 се наоѓа Димитар Стевананџија, кој за патни трошоци од Прилеп, инкасирал 31.705 евра државни пари.

Пратениците често и патувале надвор од нашите граници, така по таа ставка вкупно потрошиле над 83.000 евра.

Најповеќе патувал, а и трошел првиот човек на законодавниот дом, Талат Џафери, 6.012 евра.

Целата сторија на ТВ 21, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„И никој не мрда со прст да го прекине безобразлуков„: Пратениците на „тапет“ на Твитер за патните трошоци

Графика: ТВ 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од коронавирусот почина 76-годишна жена од Скопје

Редакција

„Господ на помош“: Боки 13, кој излезе од затвор објави селфи од пред Соборниот храм

Редакција

Kоцевски: Куќните совети и управители да извршат дезинфекција на колективните станбени згради во Велес или ќе бидат санкционирани

Редакција