Агенција „Марили“ ги избра најуспешните жени менаџери за 2019 година. Ова е 24-ти избор и промоција на жената во бизнисот.
Оваа топ десетка ја сочинуваат:
1.Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје
2.Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје
3.Татјана Дејаноска, директор на продажба во „Циклама инжинеринг“ – Гостивар
4.Д-р Даниела Димитрова, сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла“ – Скопје
5.Наталија Дренковска, менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија
6.Олга Јосевска, оперативен менаџер во „Comodita Home“ – Македонија
7.Даниела Китанова, менаџер на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје , EVN Group
8.Магдица Костадинова, извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус“ – Скопје и „ЕКП Травел“– Скопје
9.Марија Кукуновска, генерален менаџер на „Биспаг противпожарна техника“ – Скопје
10. Жанета Џафер, генерален менаџер на козметичко-фризерско студио „Жанета Естетик“.
“Изборот е направен според веќе воспоставените критериуми – избираме од успешни приватни компании од различни области и дејности од целата држава. Менаџерките беа воглавно препорачани од нивни деловни колеги и партнери како успешни менаџери, но и личности со високи морални вредности. Притоа беше почитувана личната согласност на менаџерките да бидат дел од овој избор“, велат од „Марили“.
Манифестацијата „Избор на топ 10 најуспешни жени менаџери“ е најстара на Балканот и е високо етаблирана во општеството и медиумски одлично поддржана.
Промоцијата на лауреатките ќе продолжи на веб порталот на агенција „Марили“ www.marili.com.mk, каде тие ќе бидат претставени со нивни интервјуа и видео материјали, а свеченоста и доделувањето на признанијата ќе се одржи откако ќе биде надмината ситуацијата со ширење на заразата од вирусот Ковид-19.