Мајката на Верица Белчовска, девојката чии што органи беа донирани, со што спаси повеќе човечки животи, доби вработување во канцеларијата на премиерот Зоран Заев во Струмица.
“Во Струмица денеска отворивме канцеларија за непосредни средби со граѓаните. Оваа канцеларија е уште една алатка за комуникација, место каде што граѓаните ќе можат да ги адресираат своите прашања, проблеми и предлози.
На едноставен и лесно достапен начин секој граѓанин од Општина Струмица, но и од соседните општини, ќе може да закаже и да оствари комуникација со мене или со членовите и советниците во Владата.
Поддршка во овој процес граѓаните ќе добиваат од вработените во Канцеларијата, меѓу кои е и Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката која преку најголемиот хуман чин – донација на органите, спаси повеќе човечки животи“, напиша Заев на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Заев