еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонскиот армиски тим за спасување почна со активностите за преребарување и извлекување на жртвите во Турција

Тимот на македонската Армија за пребарување и спасување кој вчера во доцните попладневни часови пристигна во Карахкамраш, која е една од областите кои се најповеќе погодени од катастрофалните земјотреси кои се случија во Туркије, во текот на денешниот ден ги отпочна активностите за преребарување и извлекување на жртвите, информираат од АРМ.

„Армискиот тим составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили и двајца инструктори од командата за обука и доктрини со две службени кучиња заедно со сите вклучени го пребаруваат теренот во градот Кахраманмарас и пожртвувано се ангажираат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните кои се наоѓаат во рушевините.

Армиските припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије.

Надеж дека во текот на пребаруѕвањето ќе се спасат човечки животе каде секој момент е драгоцен, даваат и службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потресно видео од девојче кое го штити братчето под урнатите по земјотресот во Сирија го обиколи светот

(Видео) Птици и кучиња предупредија за земјотресот во Турција и Сирија

Над 11.200 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 17 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

„Македонски телеком“ и „Оне.Вип“ во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

Приведени три лица за физичкиот напад на градоначалникот на Арачиново

Редакција