еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Макстил одбележа 25 години постоење и работа

Со акцент на досегашните инвестиции и со дефинирана стратегија за понатамошниот развој на компанијата, Макстил одбележа 25 години работа и производство на македонскиот пазар со мултимедијален перформанс во присуство на голем број гости, партнери, соработници, колеги од земјава и од странство, информираат од компанијата.

Макстил претставува лидер во металуршката индустрија, со учество во нето извозот на државата од 1% и во вредноста на БДП со 0,3 отсто. Како извозно ориентирана компанија своите производи ги пласира на светските пазари.

На домашниот пазар е позната преку првиот проект за циркуларна економија како и прва компанија што започна со јавно објавување на податоците за емисии во воздухот и компанија најголем еднократен донатор во јавното здравство.

Според претседателот на Одборот на директори, Димитар Цветковски досегашниот успех на Макстил е резултат на континуиран инвестициски циклус .

„Овие 25 години поминаа во знак на инвестициите и континуирано подобрување и модернизирање на Макстил. До сега инвестирани се преку 120 милиони евра а само во последните 5 години инвестирани се 25 милиони евра за унапредување и осовременување на производните и технолошките процеси преку замена на застарените технологии со нови, со што се постигна зголемување на инсталираниот капацитет, унапредување на стандардите за работа и животна средина како и зголемување на безбедноста при работа за сите вработени.

Имаме нова инвестициска програма за следните неколку години, во износ од преку 20 милиони евра“, истакна Цветковски.

Безбедноста при работа и континуираното подобрување на работните услови остануваат највисок приоритет како и до сега и во овој дел во последните пет години во Макстил беа вложени повеќе од 2 милиони евра, при што десеткратно беа намалени повредите при работа, велат од компанијата.

„Силата на нашата компанија е во нашите вработени, во нашиот тим, во големото семејство на Макстил. Успехот е многу поблиску кога се има добар тим, тим кој покажа што знае и умее во тешкиот период зад нас и за кој сум сигурен дека со уште поголем елан е подготвен да се справи со предизвиците пред нас“, потенцираше Цветковски во своето обраќање на свеченоста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.506 заболени од коронавирусот: Потврдени 15 нови случаи, од кои половината во Куманово

Редакција

Навреди од бугарскиот европратеник Јорданов среде македонското Собрание, пратениците го „исвиркаа„

Редакција

(Фото) Џафери во Загреб го прими Орденот Јарослав Мудриот од Украина

Редакција